Вие имате прво да ја знаете вистината

Нема да има милост! Руските и белоруски воени сили одржаа воени вежби, дали со ова најавуваат дека се припремаат за војна !? (видео)

Руските и белоруските воени единици ги изведоа првите заеднички вежби на неколку полигони како дел од проверка на воената сила на Сојузните држави, соопшти Министерството за одбрана на Русија. За време на вежбите биле изведени различни начини на изведување борбени дејствија, помеѓу кои и подготовка за одбрана и борба против илегални формации, прецизираат од воениот оддел.

Според Министерството, во воените вежби учествувале моторизирани единици, тенкови, пешадиски борбени возила, артилериски единици и единици на противтенковски ракетни системи. Според соопштението на руското Министерство за одбрана, првите единици на руските вооружени сили пристигнале во Белорусија на 19 јануари со опрема и оружје за да учествуваат на заедничките воени вежби наречени – Сојузничка определба 2022.

Проверката на силата на проектот се одвива во две фази. Во првата фаза (до 9 февруари) ќе бидат прераспоредени и создадени групи војници на територијата на Белорусија. Во втората фаза (од 10 до 20 февруари) ќе се одржат заеднички вежби Сојузничка определба 2022 во чии рамки ќе се врши сузбивање и одбивање на надворешната агресија, како и борба против тероризмот и заштита на интересите на Сојузните држави.

Претходно белорускиот претседател Александар Лукашенко го најави овој проект во изјава дека во февруари ќе се одржат заеднички руско-белоруски воени вежби.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!