Вие имате прво да ја знаете вистината

Пожар во затвор во Истанбул: Најмалку 11 затвореници хоспитализирани

Во затворот во Истанбул избувна пожар, а најмалку 11 затвореници се хоспитализирани поради вдишување чад, јави Анадолија.

Се уште не е позната причината за пожарот во затворот Умранија, кој се наоѓа на азиската страна на градот. Затворот има капацитет да прими 1.000 затвореници, пренесува АП.

Според Анадолија, во гаснењето на пожарот се вклучени неколку противпожарни возила, додека телевизијата ХаберТурк јавува дека ниту еден затвореник не е во тешка здравствена состојба.

На видеото од приватната агенција DHA се гледаат најмалку две амбулантни возила и возило за транспорт на притвореници како влегуваат низ затворските порти додека облак чад се издига над комплексот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!