Вие имате прво да ја знаете вистината

Поради хакерски напади на компанијата Swissport одложени 22 авионски летови во Цирих

Компанијата за аеродромски услуги, угостителство и услуги за помош со товарот за во авион „Swissport” била цел на хакерски напад кој попречил одредени активности, соопшти за јавноста од компанијата.

Портпаролот на компанијата изјави дека минатиот ден биле одложени 22 лета од аеродромот во Цирих и дека останува да се утврди и види колку летови денес биле погодени од нападот.

Нападот започнал во раните утрински часови минатиот ден и ја загрози инфраструктурата на информатичката технологија, а во соопштението се наведува дека безбедносните тимови биле во можност да го ублажат неговото влијание во поголема мера благодарение на раното откривање.

Повеќето клучни системи и апликации не биле погодени од нападот, но тој влијаел на неколку сервери, поради што дошло до итно исклучување на некои системи.

Нападот е исконтролиран и преземени се мерки за да се спречи понатамошно ширење. Во моментов сме во процес на поправка на загрозените системи и ублажување на влијанието врз нашата работа. изјавија од менаџментот на компанијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!