Вие имате прво да ја знаете вистината

Претседателката на ЕК, Урсула со сериозни закани до Русија и Путин: Припремавме санкции кои имаат за цел да ја направат „руската економија уште покревка“!

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес и се закани на Русија со построги санкции во случај на ескалација на украинскиот конфликт.

Подготвивме силен и сеопфатен пакет финансиски и економски санкции, изјави Фон дер Лајен за европските медиуми.

Таа додаде дека тоа вклучува прекин на пристапот до странски капитал и контрола на извозот, особено на техничка стока за Русија. Таа нагласи дека целта е да се направи руската економија уште покревка. Пакетот санкции го вклучува и Северен тек 2, кој минува под Балтичкото Море. Фон дер Лајен исто така не ја исклучи и можноста за економски казни против рускиот претседател Владимир Путин, во случај на ескалација на состојбата.

Се разбира, луѓето блиски до Путин и олигарсите би можеле да бидат тешко погодени, потенцираше таа, додавајќи дека Европската унија подготвува и технолошко ембарго за Русија.

Тоа се високо-технолошки компоненти кои Русија не може едноставно да ги замени, на пример во областа на вештачката интелигенција и оружје, во квантните компјутери, ласерите и вселенските патувања, објасни таа.

Со недели на Запад постои страв од неизбежна воена инвазија поради распоредувањето на руски војници во пограничната област со Украина. Москва негира дека планира инвазија. 

Украина и Русија се во конфликт откако избија непријателства во источниот регион Донбас во 2014 година, откако Москва илегално го анектираше полуостровот Крим.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!