Вие имате прво да ја знаете вистината

Расел Кроу ја покажа новата девојката: Дебел и запуштен, а во врска со 26 години помлада!

Актерот Расел Кроу беше фотографиран во јавност со својата 26-годишна партнерка Бритни Терио, додека го гледаше тенискиот натпревар меѓу австралиската тенисерка Ешли Барти и Американката Даниела Колинс.

Холивудскиот актер, 57-годишниот Расел Кроу и неговата млада девојка, заносната 31-годишна поранешна актерка и агент за недвижности Бритни Терио, беа снимени на мечот меѓу австралиската тенисерка Ешли Барти и Американката Даниела Колинс на Австралија Опен во Мелбурн минатата сабота.

За нивната љубовна врска се шпекулира долго време, а гласините се потврдија кога се бакнаа на тенискиот терен во ноември 2020 година, но никогаш јавно не проговорија за нивната романса.

Се верува дека се запознале на снимањето на филмот Скршен град од 2013 година, пишуваат странските медиуми, поточно Дејли Мејл.

Вреди да се напомене дека двајцата го обожаваат тенисот, не само што го гледаат, туку и го играат. Расел светската слава ја стекна благодарение на филмот Гладијатор од 2000 година и своевремено го обожаваа жените ширум светот, но со текот на годините доби вишок килограми, а неговата подолга коса и густата брада станаа негов заштитен знак.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!