Вие имате прво да ја знаете вистината

Србите и Хрватите во расправија за Никола Тесла: „Срамота, Хрватите го присвоија најголемиот Србин досега!“

Денеска на седницата на Националниот совет за еврото пред хрватската јавност беа претставени новите дизајни на националната страна за монети од евро и центи.

На монетите од 50, 20 и 10 центи ќе биде прикажан ликот на Никола Тесла, што предизвика бурни реакции кај некои медиуми во Србија.

– Мизерно! Хрватите само го ставија Тесла на еврото со шаховска табла, истата под која му го минираа споменикот во Госпиќ! – гласи насловот на текстот на порталот на таблоидот Информер.рс.

Ова е уште еден срамен обид на Хрватите да го украдат Никола Тесла, чиј споменик беше миниран во Госпиќ за време на војната, а сега го ставаат на својата паричка – се додава на крајот од текстот во Информер.

Информер објави уште еден текст на оваа тема во кој ги обвинува Хрватите за плагијат. – Хрватите не се способни сами да си прават банкноти, па ги копираа српските – стои во насловот.

– Хрватска дефинитивно го става ликот на Никола Тесла на монетите на еврото, а судејќи според дизајнот што го претставија денеска, тие не мрднаа подалеку од копирањето на српските банкноти со ликот на генијалецот од Смилјан. Имено, претставените евро монети со ликот на Никола Тесла покажуваат дека Хрватите не се поместија подалеку од 1994 година и тогашните југословенски банкноти од 5 динари со ликот на генијален пронаоѓач, како и српските „пет динари“ од 2006 година и сегашните српски банкноти од 100 динари – пишува Информер.

Веста дека ликот на Никола Тесла ќе биде еден од мотивите ја пренесува и Курир во текстот со наслов „Хрватска ја претстави евро монетата со ликот на Никола Тесла: Заднината ќе биде шаховска табла, а еве што рекоа од НБС“. Новинарите на тој весник потсетуваат, имено, на реакцијата на Народната банка на Србија.

– НБС е на мислење дека евентуалното ставање на Никола Тесла на националната страна на паричката на еврото, доколку Хрватска стане членка на еврозоната во наредниот период, би претставувало присвојување на културното и научното наследство на српскиот народ, соопшти НБС во јули.

Хрватите одлучија ликот на Никола Тесла дефинитивно да стои на монетите на еврото, а денеска беше претставен дизајнот. На сите монети од хрватското евро основата ќе биде шаховска табла – пишува Новости.рс во написот со наслов „Тесла на паричка со шаховска табла: Срамот со нова монета нема граници“.

Одлуката на Хрватите да го стават Тесла на својата паричка на тој начин станува уште поспорна. Покрај тоа што споменикот на Тесла беше урнат во Госпиќ во 1992 година, бидејќи Тесла бил Србин, покрај тоа што усташите во Втората светска војна го убиле и сатиризирале семејството Тесла, ликот на Никола Тесла е поставен на шаховската табла – заклучува Новости.рс во својот текст.

Во насловот, Alo.rs истакнува дека „екранот се затемни во сцена полна со морничава симболика. Хрватите го претставија еврото со ликот на Тесла на шаховската табла, а потоа снема струјата“.

– При презентацијата на хрватската монета со ликот на Тесла, која беше усвоена од Советот на Унијата, се појавија технички проблеми. Интервенираа „повисоки сили“, снема струја. Техничките проблеми на претставувањето на хрватската монета евро беа јасен знак – пишува Ало.рс.

– На големиот екран, кој се состои од неколку помали, еден од тие екрани ја изгуби врската и беше целосно црн, додека на другите беа прикажани дизајни. Внимание привлече фактот дека екранот на кој требаше да биде прикажан делот од монетата на кој се наоѓаше Никола Тесла престана да работи – наведува Alo.rs.

Веста за Тесла на монетите од ’хрватското’ евро, меѓу другото ја пренесе Нова.рс, порталот на белградски Блиц, Српската радио-телевизија, но и порталот 24 седам со наслов „Скандал: Хрватите го ставија Тесла на монета, присвоен најголемиот Србин досега!“

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!