Вие имате прво да ја знаете вистината

Таткото на исчезнатиот хрват Матеј откри два многу битни детали околу истрагата: Тие ќе покажат дали Матеј бил сам на платформата!

Истрагата за исчезнатиот млад хрват, Матеј се уште продолжува.

Поминаа 35 дена од исчезнувањето на Матеј Периш (27 г.) кој по потекло е од Сплит, а исчезна во Белград.

Претставници на хрватската полиција повторно пристигнаа во српската престолнина, а таткото на Матеј цело време беше во Белград, кој синоќа изјави дека истрагата се уште е сеопфатна и во Белград и во Хрватска.

Истрагата се уште ја води српското МВР, а со знаење и вештини им помага хрватскиот тим.

Таткото на Матеј, Ненад Периш изјави дека не бил поканет на средбата помеѓу полицијата од Србија и Хрватска, бидејќи се работи за тајни оперативни состаноци на српската и хрватската полиција.

Известен сум дека во Србија пристигнале хрватски претставници на МВР и дека ќе се сретнат со претставници на МВР на Србија во однос на оперативните состаноци. Мислам дека не треба да присуствувам на вакви состаноци, изјави Ненад Периш.

Очекува доколку нешто се дознае и заклучи во однос на несомнени факти, да биде информиран како и досега.

Таткото на Матеј истакна дека има сомнежи за видеата, бидејќи камерите се прилично заматени, но и мобилниот телефон .

Тие ќе покажат дали Матеј бил сам на таа платформа и мобилниот телефон што го давал сигналот. Ова се две важни врски со Матеј. А тоа се двете работи кои се најважни во овој момент, потенцираше Ненад.

Да потсетиме, вечерта пред новогодишната прослава хрватот Матеј Периш излегол во клубот „Готик“ со своите пријатели, а од тогаш помина точно еден месец и од него се уште нема ни трага ни глас.

Тој од засега непознати причини го напуштил клубот по полноќ, трчал по белградските улици а потоа исчезнал.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!