Вие имате прво да ја знаете вистината

Трагедија во Перу: Седум туристи загинаа во авионска несреќа!

Сите седум патници загинаа во пад на лесен авион кој превезувал туристи на обиколка на „Линиите на Наска“, огромните гравури во перуанската пустина, соопштија властите.

Претставник на пожарникарите изјави дека авионот се урнал во близина на аеродромот во градот Наска и дека нема преживеани.

Аеро Сантос, тур-оператор кој е сопственик на авионот, рече дека во авионот имало пет туристи, како и пилотот и копилотот. Националноста на туристите не е утврдена.

Линиите на Наска се огромни гравури кои претставуваат измислени фигури, суштества и растенија, а биле врежани во крајбрежната пустина пред 1.500 до 2.000 години. Се верува дека нивната цел била ритуално-астрономска, а УНЕСКО ги вклучил на списокот на светско наследство.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!