Вие имате прво да ја знаете вистината

Турските воени сили не прекинуваат со акциите против терористите на ПКК: Неутрализирани уште четворица терористи во организирана акција во Ирак

Турското Министерство за одбрана соопшти дека четворица терористи на ПКК се неутрализирани на северот на Ирак, во борбената зона наречена – Канџа-молња, за време на организирана акција од туските специјални сили, пренесуваат турските медиуми. 

Министерството соопшти дека продолжува решителната борба против тероризмот во северен Ирак и дека уште четворица членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК се неутрализирани со хеликоптерска акција во зоната Канџа-молња.

Турските безбедносни сили водат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција, но и кај северните соседи Ирак и Сирија.

ПКК е сепаратистичка организација на списокот на терористички групи во Турција, Европската унија и САД. 

За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!