Вие имате прво да ја знаете вистината

Украинските војници вежбаат со американски ракети: „Ако сакате мир, подгответе се за војна“

Украинските војници денес одржаа вежби во воената база Јаворив во западна Украина, користејќи противтенковски ракети, лансери и друга воена опрема што им ја достави САД како дел од безбедносниот пакет од 200 милиони долари.

Војниците испукале проектили или набљудувале за време на вежбата, додека воените возила минувале низ теренот покриен со снег, на теренот каде што се одржувале вежбите. Некои од војниците беа облечени во бели маскирни костуми.

Украина доби воена помош од Соединетите Држави додека војската се подготвува за можен напад откако Русија собра десетици илјади војници во близина на границата со Украина во последните неколку недели. Но, Москва негира дека планира офанзива.

„Ова оружје ќе помогне да ги запреме воените возила и да ги оштетиме, а во урбаните средини ќе ни помогнат да ги уништиме зградите каде што се кријат непријателите“, изјави Андриј Бестјук, портпарол на украинската армија.

„Ако сакате мир, подгответе се за војна“, рече еден од војниците, кој не се претстави.

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, попладнево изјави дека наскоро се очекува нова пратка американско оружје.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!