Вие имате прво да ја знаете вистината

Четири лица загинаа во лавина во Тирол, Австрија, а едно лице се води како исчезнато

Четири лица загинаа во лавина утрово во австриската провинција Тирол, јави австриската агенција АПА.

Несреќата се случила на австриските Алпи во близина на границата со Швајцарија, а покрај четворицата загинати, петто лице се смета за исчезнато, објаснува АПА.

Лавината почнала во близина на градот Списа во Тирол, каде во последните денови падна многу снег, а ангажирани се австриски и швајцарски хеликоптери.

Австриските медиуми претходно објавија дека лавина се случила и на скијачките патеки во Соелден.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!