Вие имате прво да ја знаете вистината

Членовите на ДПС порачаа: Честитки драги пријатели, падна најлошата влада во историјата на Црна Гора

Генералниот секретар на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Александар Богдановиќ, упати честитка за изгласувањето недоверба на Владата на Црна Гора.

– Убаво им кажав уште во август… Честитки, драги пријатели – напиша Богдановиќ на Твитер.

Тој сподели видео од неговите изјави од август.

– Мислам дека ќе се иселат од зградата на Владата пред ние да ја напуштиме – изјави тогаш Богдановиќ.

Пратеникот на Демократската партија на социјалистите, Милош Николиќ, исто така се огласи на Твитер.

– Падна најлошата влада во историјата на Црна Гора – напиша накратко Николиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!