Вие имате прво да ја знаете вистината

Што постара – тоа поубава! Северина повторно ги воодушеви следбениците со нејзината нова објава (фото)

Една од најубавите балкански пејачки, Северина на својот Инстаграм профил објави уште една заводлива фотографија на воодушевување на своите следбеници. Многумина останаа без зборови и ја опсипуваа со многу впечатливи коментари.

Облечена во тесен бел фустан украсен со шлиц, детаљ кој ќе биде многу тренди оваа сезона и еден уникатен сребрен ракав, Северина ја крена едната рака со два прста високо во воздух. Таа не напиша ништо во описот на фотографијата, па за значењето на оваа објава може само да се шпекулира, но она што на сите им падна во очи е прекрасниот и беспрекорен изглед на секогаш убавата Северина.

Имено, кога станува збор за изборот на модни парчиња, Северина е вистински мајстор во изборот на стајлинг кој во полн сјај ја покажува и истакнува нејзината беспрекорна фигура.

Ниту фановите на Северина не останаа воздржани од оваа фотографија, кои ја опсипија со комплименти во коментарите на објавата.

Кралица, Убавица, Секогаш најубава Севе, Дива, Колку постара толку поубава, напишале нејзините следбеници во коментарите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!