Вие имате прво да ја знаете вистината

100.000 мртви риби пловат на брегот на Франција: „Ова е тепих од трупови, знаеме кој е виновен!“

Бродот FV Margiris, во сопственост на Холандија и вториот по големина рибарски брод во светот, исфрли повеќе од 100.000 мртви риби во Атлантскиот Океан во близина на Франција, а добиениот „пловечки тепих од трупови“ беше забележан од еколошки активисти.

Излевањето, кое се случи рано во четвртокот, беше предизвикано од пукање на мрежата на трал, соопшти групата за риболовната индустрија PFA, која го претставува сопственикот на бродот.

Во соопштението настанот се опишува како „многу ретка појава“. Но, еколошката групација го оспорува ова и тврди дека станува збор за незаконско ослободување на повеќе од 100.000 несакани риби.

Францускиот огранок на непрофитната организација Sea Shepherd беше првиот што објави фотографии од испуштањето, на кои се гледа површината на океанот покриена со дебел слој од риба подвид на „бакалара“ што се користи за масовно производство на рибни стапчиња, рибино масло и брашно.

Sea Shepherd France изјави дека не верува дека инцидентот бил случаен, туку дека тоа бил обид на ловците да се ослободи од вид риба што не сакале да ја преработат, практика позната како ослободување на спореден улов, но забранета според правилата за риболов на ЕУ.

Ламја Есемлали, шеф на огранокот на организацијата во Франција, изјави за Ројтерс дека верува дека рибата била намерно исфрлена. Sea Shepherd France соопшти дека биле пуштени повеќе од 100.000 риби.

Француската министерка за поморска политика, Аник Жирарден, ги опиша фотографиите на мртвите риби како „шокантни“ и рече дека побарала од националното тело за контрола на рибарството да започне истрага за случајот.

Бродовите како Маргирис користат трали подолги од еден километар и преработуваат риби во фабрики кои се наоѓаат на бродот, практика што беше жестоко критикувана од еколозите.

Маргирис беше принуден да ги напушти австралиските води во 2012 година по протестите на еколошките активисти.

Податоците за сообраќајот на marinetraffic.com покажаа дека бродот, кој е во сопственост на холандската компанија Parleviliet & Van der Plas и плови под литванско знаме, сè уште лови по францускиот брег.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!