Вие имате прво да ја знаете вистината

4 ЗНАЦИ ДЕКА СТЕ ПРЕЛЕЖАЛЕ ОМИКРОН А ДА НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ: Првиот знак е најважен!

Новиот вид на коронавирус, омикрон, влијае на горниот респираторен систем, што значи дека белите дробови на повеќето луѓе заразени со омикрон се поштедени. Сепак, ова со себе носи симптоми кои сега е тешко да се разликуваат од обичната настинка, па луѓето често дури и не одат на тестирање.

Ако сте биле болни во последно време и не сте биле тестирани, овие знаци може да укажуваат на тоа дека сте имале омикрон.

Клучни симптоми

Досегашните треска, кашлицата и губењето мирис беа сигурни знаци дека имате ковид. Тоа се смени со омикрон. Сега најчести симптоми се болки во грлото, течење на носот, главоболка, замор и болки во телото . Професорот Тим ​​Спектор, раководител на студијата која ги следи симптомите на Ковид, вели дека секој со овие симптоми треба да се тестира.

1. Сите во семејството се разболеле еден по еден

Респираторните вируси се генерално многу заразни, меѓутоа, ковид 19 моментално е најдоминантен во светот. Исто така, се покажа дека омикронот е многу полесен за пренос од претходните варијанти и тешко е некој да не се зарази или да е во контакт со заразено лице.

Затоа, ако сте биле болни или сте забележале дека сите дома се разболуваат еден по друг, веројатно е омикрон.

2. Дигестивни проблеми

Според последните извештаи, заразените со омикрон пријавуваат и дигестивни проблеми. Повраќање, гадење и губење на апетит се поврзани со омикрон.

3. Опаѓање на косата во големи количини

Губење на косата е чест симптом кај многумина кои имале корона. Експертите го припишуваат ова како емоционалниот стрес, ослободувањето на проинфламаторни цитокини како одговор на вирусот. Затоа, доколку наеднаш забележите дека ви паѓа многу коса, а не сте биле тестирани, можно е да сте ја надминале инфекцијата со омикрон.

4. Инфекција на очите или осип

Според Ерусалим Пост, инфекција на очите или чуден осип на прстите може да биде знак дека сте го надминале омикронот.

Доколку чувствувате симптоми, останете дома, изолирајте се и следете ги симптомите. Носете маски и одржувајте дистанца, особено од најранливите, пишува Тајмс оф Индија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!