Вие имате прво да ја знаете вистината

(Видео) Спасувачите стигнале на еден метар до момчето Рајан: Од страв од рушење копаат со раце

Според последните информации, на мароканските спасувачи им остануваат уште помалку од еден метар да стигнат до момчето Рајан (Рајан), кое на 1 февруари паднало во бунарот.

Копаат со раце од страв да не направат рушење на земјиштето.

– Оваа фаза е најважна и најсложена – изјави Абделхади Темрани, еден од спасувачите и додаде: Скоро сме таму. Работиме без престан со денови и заморот е тука, но целиот спасувачки тим се држи.

„Постојано се надевам дека моето дете ќе излезе живо од бунарот. Им благодарам на сите вклучени во спасувачката операција, како и на сите кои се со нас во Мароко и на други места во светот“, рекол таткото на Рајан.

Спасувачите не знаат колку долго ќе трае копањето поради опасност од уривање, а токму сега ја следат фазата која е најопасна и поради таа причина копаат со раце.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!