Вучиќ на средба со кинескиот претседател Џинпинг: Искреното пријателство е основа за зајакнување на соработката
Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ, е во тридневна посета на Кина, каде минатиот ден во Пекинг свечено беа отворени 24. Зимски олимписки игри.
Вучиќ се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, а на својот Инстаграм профил објави фотографии и видео од средбата.
Ова е седма официјална средба со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг. За нас е важно да продолжиме да градиме добри односи и нашата соработка да расте во сите области, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Додека во другата објава тој напиша:
Искреното пријателство е основа за зајакнување на економската соработка помеѓу нашите две земји. Ви благодариме за вашето гостопримство и срдечни честитки за организирањето на величествената церемонија на отворање на Зимските олимписки игри.