Вие имате прво да ја знаете вистината

Голема штета од повеќе од два милиони долари: Пожарот ја зафати руската амбасада во Филипините, вработените итно евакуирани (видео)

Голем пожар избувна во зградата на руската амбасада во главниот град на Филипините, предизвикувајќи итна евакуација на вработените и нивните семејства, но за среќа нема повредени, соопштија руските и филипинските власти.

Инспекторите се обидуваа да ја утврдат причината за пожарот, кој во петокот вечерта избувна на вториот кат на амбасадата во финансиската област Макати во градското подрачје на Манила и предизвика штета од повеќе од два милиони долари, на Филипините, соопшти Бирото за противпожарна заштита.

Повеќе од десет противпожарни возила помогнаа во гаснењето на пожарот во луксузниот и силно обезбедуван Дасмаринас, каде се наоѓаат неколку амбасади и дипломатски резиденции.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!