Вие имате прво да ја знаете вистината

Директорот на СЗО разговараше со кинескиот премиер за потеклото на коронавирусот

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адана Гебрејесус денеска изјави дека разговарал со кинескиот премиер Ли Кечијанг за потребата од посилна соработка во истражувањето на потеклото на коронавирусот, што е контроверзна тема што ги наруши односите на Кина со Западот.

Тедрос претходно изврши притисок врз Кина да биде поотворена со податоци и информации за потеклото на корона вирусот.

– Разговаравме за коронавирусот и потребата од поагресивен напор во однос на рамномерната распределба на вакцините оваа година, со цел да се вакцинираат 70 проценти од целото население – напиша Тедрос на Твитер.

Тој додаде дека разговарале и за „потребата од посилна соработка кога станува збор за потеклото на вирусот што предизвикува коронавирус, вкоренет врз науката и доказите“.

СЗО минатата година формираше Научна советодавна група за потеклото на новите патогени и ја повика Кина да обезбеди „сирови“ податоци за да помогне во новата истрага. Кина одби, повикувајќи се на правила за приватност.

Пекинг постојано ги негира наводите дека вирусот протекол од специјализирана лабораторија во Вухан, каде што коронавирусот првпат беше идентификуван кон крајот на 2019 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!