Вие имате прво да ја знаете вистината

Епидемиолошка енигма во Израел: Зошто покрај масовна вакцинација со 4-та доза, имаат експлозија на заболени и смртни случаи?

Во следните неколку дена со големо внимание треба да се следи епидемиолошкиот развој на ситуацијата во Израел. Експертите сè уште не излегле со оценки за ситуацијата бидејќи е исклучително деликатна, па дури и малку страшна бидејќи е земја која вакцинираше не само со третата, туку и четвртата доза од вакцината Pfizer, многу значителен дел од населението, а сепак имаше многу заболени од омикрон, над просекот на ЕУ или САД. Во моментов, трендот на брз пад на случаите се чини дека се зацврсти, но сега нивната крива на стапката на смртност рапидно расте.

Во бранот омикрон, Израел изброил неверојатни 10.968 случаи на милион за еден ден, што е 4 пати повеќе од врвот на бранот омикрон во ЕУ или 5,5 пати повеќе од највисокиот број регистриран во САД. Тоа е многу повеќе од најлошата бројка во Македонија и покрај нискиот степен на вакцинација во државата.

Израелските податоци сега покажуваат дека веќе нема сомнеж дека дури и третата и четвртата доза не се гаранција за запирање на ширењето на инфекцијата. Дури се поставува прашањето дали високите стапки на вакцинација со третата и четвртата доза се на некој начин поврзани со забрзувањето на инфекцијата затоа што Израелците можеби премногу се опуштиле верувајќи во бустери или е сепак се работи за нешто друго.

Што се однесува до бројот на починати во Израел, ситуацијата се уште не е толку драматична, но очигледно е дека тие се уште се во силен тренд на раст и веќе ги надминаа ЕУ и САД по дневен број на починати. Израел се блиску до просекот на смртни случаи со Македонија и покрај тврдењето дека омикронот е поблаг вид.

Во средината на оваа недела, според „Џерусалим пост“, направени се повеќе од 200.000 тестови, а дури 29 отсто биле позитивни. Во моментов тие изброиле вкупно нешто повеќе од 9.000 смртни случаи, но сега тој број почна да се зголемува за стотина дневно. Најпознатите клиники се полни меѓу 90 и 108 проценти. Повеќе од 6.100 лекари и медицински сестри се во изолација. Никогаш немало повеќе пациенти во болниците. Од речиси 6.000 хоспитализирани, дури 47 отсто се во критична состојба.

Графиконот покажува дека во однос на бројот на бустер дози, Израел е апсолутно доминантна нација во однос на ЕУ и САД.

Иако многу експерти ќе бидат огорчени, израелските искуства од омикронскиот бран доведуваат до прашањето дали имаа еден засилувач премногу?

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!