Вие имате прво да ја знаете вистината

„ЗОРАН МИ ДАДЕ ДА ГИ ПРОЧИТАМ ТИЕ ДОКУМЕНТИ“ Миломир Мариќ тајно се сретнал со Ѓинѓиќ пред атентатот: Бев шокиран!

Новинарот Миломир Мариќ во неодамнешното интервју раскажа за неговата средба со Зоран Ѓинѓиќ и откри што му донел тогашниот премиер на Србија од доверливите документи.

Непосредно пред атентатот ме праша кога нема никој на ТВ БК каде што јас бев главен уредник. Во недела, му реков. Тој дојде тој ден и не замоли да седиме во канцеларија што не е моја. Седнавме во сметководството. Прв пат се појави со некоја чанта. Имаше некои документи. Меѓу другото, документите кои беа означени како државна тајна, како и оние кои се однесуваат на проценката на безбедноста на премиерот на Србија. Ми рече – прочитај.

Таму пишуваше дека како што дошло до конфликт во Сурчинскиот клан, меѓу Чуме и Душан Спасојевиќ и неговата екипа, така Легија и Спасојевиќ ќе се скарале за првиот плен од дрогата и дека едни со друго ќе се убијат. Пишуваше и дека работите дотогаш треба да се држат под контрола и ништо да не се прави – изјави Мариќ.

Според Мариќ, Ѓинѓиќ го прашал што мислам за тоа што е напишано таму. Му реков дека целиот град зборува дека ќе биде убиен.

Ми рече дека јас не се разбирам од тоа, дека полицијата е таа што ја разбира безбедноста. Ми кажа и дека немам поим од политика.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!