Вие имате прво да ја знаете вистината

Илјадници луѓе излегоа на улиците извикувајќи „Харков е Украина“ и „Сопрете ја руската агресија“

Илјадници луѓе излегоа на улиците на вториот по големина град во Украина во саботата со паролите „Харков е Украина“ и „Сопрете ја руската агресија“ додека земјата се подготвува за можна инвазија.

По неколкунеделни преговори меѓу Западот и Москва, откако Русија собра десетици илјади војници долж украинската граница, не е постигнат договор.

Москва ја отфрла тезата дека планира да ја нападне Украина, но од НАТО, меѓу другото, бара гаранција дека Украина нема да влезе во тој сојуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го идентификуваше Харков, индустриски град со околу 1,4 милиони жители, 42 километри од границата со Русија, како можна руска цел, иако неговиот портпарол подоцна рече дека Зеленски зборувал за тоа само хипотетички.

Демонстрантите ја пееја химната во Харков, веејќи украински знамиња и знамињата на земјите кои го поддржуваа Киев, како што се САД и Велика Британија, како и знамињата на Европската унија.

„Луѓето излегоа на улиците за да покажат дека Харков е украински град и дека нема да го предадеме“, рече жителката на Харков, Нина Квитко.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!