Вие имате прво да ја знаете вистината

Кирил Петков: Причината за автобуската несреќата е човечка грешка и истрагата најверојатно ќе биде затворена

Истрагата за сообраќајната несреќа на автопатот Струма, во Бугарија, во која загинаа 45 граѓани на нашата држава е завршена, изјави за БТВ истражителот на бугарската Национална истражна служба Младен Петров. Заклучокот од истрагата е дека единствена причина е човечка грешка на возачот, а поради непостоење на виновно однесување, случајот речиси сигурно ќе биде затворен.

Младен Петров изјави дека само однесувањето на возачот на македонскиот автобус е причина за настанување на таквата состојба и несреќата. Проверени се сите претпоставки за присуство на запаливи течности во автобусот и јасно е утврдено дека такви немало. Според истражителот, истрагата утврдила дека видливоста била добра и немало магла.

Бугарскиот тим истражители, исто така, ја отфрла верзијата дека ознаката можеби е причина за несреќата. Според Петров, хоризонталните ознаки на патот и страничните ознаки биле малку избледени, но не и невидливи.

Средната, централна линија што ги дели лентите е прилично светла и секако видлива, изјави Петров.

Во конкретната ситуација, насочувањето на автобусот на „Беса транс“ од активната коловозна лента и ударот во заштитната ограда довело до продирање и уништување на конструктивни елементи, притисок на резерворот за гориво и компресија на неговата содржина.

Ова е придружено со обилни искри од триење, кое ја достигнало потребната температура и притисок за да се запали горивото, изјави истражителот Младен Петров.

Тој најави дека сега се чека преглед на мислењето на истражниот тим, кое ќе го вршат обвинители.

Треба да се вклучат жртвите, роднините на загинатите и преживеаните патници. Нашето мислење е дека нема виновно однесување што е причинско-последична врска за овој резултат, изјави Петров, посочувајќи дека истрагата најверојатно ќе биде прекината. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!