Вие имате прво да ја знаете вистината

Мадрид денес се пробуди со постери од ликот на Новак Ѓоковиќ насекаде! Погледнете необични сцени од шпанската престолнина (видео)

Главниот град на Шпанија, Мадрид, е покриен со постери на србинот Новак Ѓоковиќ.

Мадридскиот дневен весник „Ас“ објави видео на кое се гледа дека постојките на јавниот превоз се преплавени со постери со ликот на најдобриот тенисер во светот.

Весникот пишува дека вака организаторите на Мастерсот во Мадрид го најавија турнирот што ќе се игра на 1 мај, во пресрет на Ролан Гарос.

Дали тоа значи дека Новак сигурно ќе учествува на турнирот и зошто на плакатите го нема домашниот херој Рафаел Надал, останува да видиме во наредните денови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!