Вие имате прво да ја знаете вистината

Мајк Пенс: Доналд Трамп греши ако мисли дека можев да ги поништам изборите во 2020 година

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс денес остро го критикуваше својот поранешен шеф велејќи дека Доналд Трамп погрешил кога мислел дека е во моќта на Пенс да го промени исходот од претседателските избори во 2020 година за кои Трамп лажно тврдеше дека се украдени.

Откако Џо Бајден го победи на претседателските избори во САД во ноември 2020 година, републиканецот Трамп, во обид да остане на функцијата, изврши притисок врз Пенс да ја блокира потврдата на резултатите од претседателските избори во Конгресот додека претседаваше со процесот на 6 ноември 2021 година.

Пенс, лојален на Трамп за време на неговиот четиригодишен мандат, одлучи да не ја блокира потврдата на резултатите.

Оттогаш, Трамп често го омаловажуваше Пенс, а во неодамнешната изјава во неделата рече дека поранешниот потпретседател можел да ги „поништи“ изборите.

„Претседателот Трамп греши“, рече Пенс во говорот пред Федералистичкото општество, конзервативна правна организација, во близнина на езерото Буена Виста, Флорида.

„Немав право да ги поништам изборите“, додаде тој.

„Изборот на претседател му припаѓа на американскиот народ и само на американскиот народ. И искрено, не постои понеамериканска идеја од помислата дека еден човек може да избере американски претседател“, додаде Пенс.

Неговите коментари ја претставуваат најжестоката критика кон Трамп досега.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!