Вие имате прво да ја знаете вистината

На првиот ден од ЗОИ во Пекинг откриени 45 ново-заразени натпреварувачи

Организаторите на Зимските олимписки игри во Пекинг соопштија дека на првиот официјален натпреварувачки ден откриле 45 ново заразени лица со новиот вид на вирусот Ковид-19.

Помеѓу нив имало и 25 заразени натпреварувачи а останатите се членови на делегациите.

Од 23 јануари до денес организаторите открија 353 позитивни тестови.

Сите учесници, спортисти, придружници, новинари, како и вработени во Организациониот одбор на ЗОИ и членови на меѓународни спортски федерации кои учествуваат во проектот мора секојдневно да се тестираат за вирусот Ковид-19.

Заразените лица кои не покажуваат знаци на болест мора да одат во изолација а можат да ја напуштат доколку имаат само два негативни ПЦР теста со растојание од најмалку 24 часа, а по десет дена изолација е доволен само еден негативен тест.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!