Вие имате прво да ја знаете вистината

Претседателот на Србија со големо ветување од Кина: Наскоро директна авионска линија Белград – Пекинг и Белград – Шангај!

Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, при што разговараа за формирање директни авио линии од Белград до Пекинг и Шангај.

Зборувајќи за тоа, Вучиќ изјави дека реализацијата на тие авио линии е поблиску и дека кинескиот претседател рекол дека за тоа ќе им нареди на своите власти за оваа идеја да стане наскоро реалност.

Видовме на линијата за Њујорк, по речиси пет години економска тортура, таа линија ја направивме профитабилна, за да заработиме. Сега сакаме да се обидеме да го зголемиме бројот на летови, без разлика дали авионот оди во Њујорк во недела или понеделник. Сакаме да воведеме уште еден лет до северноамериканскиот континент. Ќе видиме дали е Торонто или Чикаго. Се прави план луѓето да проверат се, да видат за колку луѓе сме заинтересирани, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека се надева оти, доколку сето ова е во ред, годинава авион од Белград ќе полета за Кина.

Ова е седма средба помеѓу Вучиќ и Си, а претседателот на Србија е првиот официјален претставник што денес ќе се сретне со кинескиот претседател, по Владимир Путин. Средбата требаше да трае 20 минути, но беше продолжена и траеше половина час.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!