Вие имате прво да ја знаете вистината

Се гледа кој најмногу “гледа” турски серии: Во Турција најмногу патуваат Бугарите, Германците и Русите

Во 2021 година Турција беше домаќин на 30.038.961 посетители, што е за 88,08 отсто повеќе од претходната година.

Министерството за култура и туризам на Турција соопшти дека минатата година бројот на странски посетители е зголемен за 94,06 отсто во однос на 2020 година.

Русија е земјата од која дошле најмногу туристи во Турција. Во текот на 2021 година, Турција беше домаќин на 4.694.422 посетители од Русија, што е за 120,52 отсто повеќе од претходната година.

Турција лани прими 3.085.215 посетители од Германија, што е за 175,73 отсто повеќе од претходната година и 2.060.008 посетители од Украина, што е за 106,49 отсто повеќе.

Според бројот на посетители кои минатата година престојувале во Турција, следат Бугарија и Иран.

Само во декември минатата година Турција беше домаќин на 1.892.520 странски посетители, што е 170,62 отсто во споредба со декември 2020 година.

Во декември Турција забележала најмногу посети од Бугарија, Германија, Иран и Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!