Вие имате прво да ја знаете вистината

Целиот свет го гледа спасувањето на пет годишното момче кое падна во бунар длабок 32 метри: Почнаа хоризонталните ископувања, спасувачите се приближуваат до детето (фото)

Започнаа хоризонталните ископувања во рамки на спасувачката акција за младото момче Рајан (5 г.) кое падна во бунар длабок 32 метри во градот Шефшауен, Мароко.

Екипите ја водат спасувачката операција веќе 76 часа, а започнати се и работите на хоризонталниот ископ, јавуваат медиумите во Мароко.

На терен има поставено екипи на брза помош која ќе го однесе момчето во болница доколку биде успешно спасено.

Снимката од камерата спуштена во бунарот покажува дека детето е се уште живо, а му се дава кислородна поддршка во секој момент.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!