Вие имате прво да ја знаете вистината

Британската министерка Трус ветува дека „зголемат цената“ доколку Русија преземе дополнителни мерки

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трус, изјави дека тврдењата на Русија дека не планира инвазија на Украина се лажни и дека Велика Британија и нејзините сојузници одлучиле да ја „зголемат цената“ за Москва доколку преземат дополнителни мерки.

Таа ја сподели објавата на „Вашингтон пост“ на Твитер за американските проценки за плановите на Русија и напиша дека се јасни длабочините на обидите на Русија да ја поткопа и загрози Украина.

– Постапките на Русија покажуваат дека нивните тврдења дека не планираат инвазија се лажни. Ние и нашите сојузници сме обединети во поддршката на Украина и нашата решеност да ја зголемиме цената за Русија доколку преземат дополнителни мерки – напиша Трус.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!