Вие имате прво да ја знаете вистината

ДИЕТА НА ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ: ПЕЈАЧКАТА СО ОВОЈ ПЛАН НА ИСХРАНА ИЗГУБИ ПЕТ КИЛОГРАМИ, КЛУЧНА Е ЕДНА НАМИРНИЦА

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ отсекогаш важела за една од најубавите жени на естрадата, но своевремено имала и вишок килограми. Цеца одамна го реши овој проблем и сето тоа со помош на диета подготвена од нутриционист. Се здебелила пет килограми, а по овој режим успеала да се врати на старата тежина. 

– Целосно го променив начинот на размислување за исхраната. Не е работата дали ќе ослабам, туку да јадам здрава храна – открила Цеца во една прилика.

Таа истакнува дека пред неколку години се здебелила пет килограми бидејќи не се грижела за исхраната.

– Никогаш не сум ималапроблем со килограмите, бидејќи генетиката ми е одлична. Сепак, пред некое време почнав да се дебелеам. Се соочив со себе и си реков дека сакам пред се да живеам поздраво! Посетив одличен нутриционист, кој го познавам со години преку заеднички пријатели. Постојано ми велеше „Ајде Цецо, да ти ја поправам малку исхраната“, а јас секогаш наоѓав изговори дека не ми треба. Бев убедена дека се хранам здраво, а и редовно го постев секој пост. На крајот сфатив дека сакам промена, и се јавив и заедно направивме план да јадам. Бидејќи сакам месо и салата, мојата исхрана се базира на тоа.

Ражнатовиќ откри дека на почетокот и било многу тешко. Цеца открива дека понекогаш чувствува потреба од колачи и торта, но и за тоа имала решение.

– Кога ми доаѓа да јадам нешто слатко, јадам, но по рецепт на нутриционистот. Верувале или не, постои рецепт за здрав овошен пудинг. Исто така, важно е да се биде умерен во сè. И ако јадете нешто што не треба, важно е утре да се вратите на вашиот режим, а не да кажете: „Ќе го направам тоа во понеделник“.

– Бидејќи не сум љубител на вежбањето, го најдов најдобриот начин да останам во форма без да морам да ја оставам душата во теретана. Ја открив магијата на вежбањето, а тоа е “ЕМЦ” – носиш одело низ кое тече струја. Овие тренинзи траат по половина час, секој мускул работи за вас, а резултатите се одлични – откри Цеца.

Менито на Цеца

Појадок: Овесна каша со овошје и семки.

Ручек: Риба и зелена салата. 

Вечера: Чорба од тиква.

ТРИК СОВЕТ: Ако се чувствувате гладни, пијте чај од ѓумбир бидејќи дава чувство на ситост.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!