Вие имате прво да ја знаете вистината

Израел е една од светските шампиони за вакцинација, но денес имаат рекорден број на тешки заболувања со вирусот Ковид-19, која е причината !?

Израел регистрираше рекорден број на ново заразени случаи со вирусот Ковид-19, покажаа официјалните бројки објавени во саботата.

Вкупно 1.229 пациенти се хоспитализирани поради тешка ковид слика, што е најголем број од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство.

Досега најголем број тешки хоспитализации имало на 26 јануари 2021 година кога имало 1.185 пациенти во болниците.

Израелските болници се борат со пренатрупаноста, но во исто време има знаци дека бранот на видот омикрон во Израел се намалува.

Во понеделник дополнително треба да се ублажат мерките за борба против ширењето на вирусот во Израел.

Омикронската варијанта е поблага од претходните варијанти, но поради големиот број заразени има повеќе пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

Според Министерството за здравство на Израел, за 24 часа се пријавени 37.985 нови случаи.

Најголемиот број беше на 23 јануари, кога Израел имаше повеќе од 85.000 нови случаи за период од 24 часа, што воедно е најмногу од почетокот на пандемијата.

Светски лидер во вакцинацијата во првите бранови на пандемијата е Израел, држава која го усвои мотото „Живеење со Ковид“ неколку месеци пред доаѓањето на омикронската варијанта на вирусот.

Бројот на луѓе во Израел кои починале како резултат на инфекција со вирусот е 9.138

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!