Неверојатна сцена е забележана на турнирот во Монпеље.
Германскиот тенисер Александар Зверев избори пласман во финалето на турнирот во Монпелје, кој во саботата во полуфиналето убедливо го совлада Микаел Имер со резлутат 2:0 во сетови (6:1, 6:3).
Зверев имаше повеќе проблеми со собирачите на топки на турнирот отколку со противникот. Тој беше погоден двапати, еднаш за време на натпреварот, а вториот пат по пласманот во полуфиналето на турнирот. Тој удар беше особено непријатен, бидејќи лесно можеше да се случи топката да удри во око и да настане тешка повреда.
На социјалните мрежи се појави видео кое се појави по триумфот на Зверев над домашниот тенисер Адријан Манарин во четвртфиналето. Зверев седеше на клупата кога влета топка и го удри право во глава.
Германецот не можеше да поверува што се случува. Топката полета брзо и ударот беше многу непријатен.