Вие имате прво да ја знаете вистината

Како Гордана Силјановска: Елтон Џон по настапот во Канзас Сити, се заблагодарил на погрешен град (фото)

Познатиот музичар Елтон Џон (74) по настапот во Канзас Сити во американската сојузна држава Мисури минатата недела, се заблагодарил на погрешен град, пренесува New York Post.

Музичарот во средата наутро на својот Твитер профил објави фотографии од концертот во Т-Мобиле Центарот, а фотографиите ги придружи со шармантна порака за своите обожаватели.

„Каква прекрасна вечер овде во Арканзас, благодарам на сите што дојдовте на концертот, бевте неверојатни“, се вели во објавата на музичарот.

Засега не е познато дали музичарот самиот го објавил статусот на социјалните мрежи или некој од неговиот тим направил грешка. Имено, градот Арканзас се наоѓа на 366 километри југозападно од Канзас Сити, кој се наоѓа во државата Мисури.

Претставник на Елтон Џон се уште не ја коментирал оваа грешка.

Раководството на Т-Мобил Центарот автоматски одговори на Твитот на пејачот, но игнорирајќи го спомнувањето на погрешен град.

„Канзас Сити го сака Елтон Џон“, беше пораката од персоналот на концертната арена.

Легендарниот музичар моментално е на турнејата „Farewell Yellow Brick Road“ за која најави дека е проштална и која ќе биде организирана низ САД, Канада и Европа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!