Хајди Клум и Хали Бери беа само дел од јавните личности кои присуствуваа на премиерата на филмот „Moonfall“ во Лос Анџелес.

Иако се одлучија за црни парчиња облека, и двете ги претставија своите модни комбинации на свој начин.
И додека актерката Бери носеше краток фустан со “надуени” ракави, русокосата манекенка се одлучи за црн комплет со големо деколте.

Она што е видлива разлика во нивниот целокупен изглед е начинот на кој се шминкаат. Хајди Клум носеше впечатлива темна шминка која навистина и прилега на нејзиниот изглед, додека Бери се одлучи за малку поредуциран, поприроден изглед кој одговара на нејзиниот тен.
Сепак, и двете на премиерата привлекоа големо внимание, па ве прашуваме – која дама, според вас, овојпат доминираше на настанот?