Вие имате прво да ја знаете вистината

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ДЕТАЉОТ НА РАКАТА НА НАДАЛ, ТЕЖИ САМО 30 ГРАМА, А ВРЕДЕН Е ЕДЕН МИЛИОН ДОЛАРИ: „ТОА Е ДЕЛ ОД МОЈАТА КОЖА …“

Првиот Грен слем турнир од оваа тениска сезона, штотуку заврши, беше посебен по многу нешта. Отвореното првенство на Австралија беше на насловните страници на сите водечки светски медиуми многу пред да започне. Аферата со Новак Ѓоковиќ послужи како своевидно загревање, а тоа што следеше најде свое место на страниците на историјата на спортот.

Рафаел Надал го освои својот втор Австралија опен и има вкупно 21-от ГС турнир, што го прави тенисер со најмногу Грен слем, со еден повеќе од Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер . Во епското финале против Данил Медведев, како и во текот на целиот турнир, еден моден детал ги привлече сите погледи.

Се работи за – часовникот! Имено, Рафаел Надал е ексклузивен промотор на брендот Ричард Мил од 2010 година. На десната рака, на која вообичаено носи часовници, Надал имаше „ѕвер“ кој чини на пазарот – над еден милион долари. Поточно, моделот RM 27-04 во бутикот на споменатата марка може да се најде за еден милион и педесет илјади долари. И само ако имате многу среќа, бидејќи на светот има само педесет примероци од тој часовник.

Часовникот на Надал тежи само 30 грама, вклучувајќи го и појасот, а на играчот му дава неверојатен отпор во текот на мечот.

„На почетокот тоа беше прилагодување, моравме тесно да соработуваме за да го прилагодиме часовникот на мојот зглоб. Сега тој стана дел од мојата кожа, како да немаш ништо на себе – открил во една прилика Надал.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!