Вие имате прво да ја знаете вистината

ПРВИОТ ДРОН Е НАПРАВЕН УШТЕ ВО 15. ВЕК! Скиците стари 500 години повторно оживуваат, еве како изгледале првите летала (ВИДЕО)

Во 1483 година, италијанскиот гениј и ренесансната икона Леонардо да Винчи направи еден од најраните цртежи на роторно летало кое се напојува со „воздушен шраф“ или „воздушен жироскоп“. Италијанецот, меѓу другите, бил сликар, инженер и научник. Мона Лиза и Тајната вечера се негови ремек-дела.

Тим составен од инженери од Универзитетот во Мериленд беа толку инспирирани од дизајнот на хеликоптерот на Леонардо да Винчи што ги искористија неговите скици стари 500 години за да развијат функционален дрон за натпреварувања.

Тимот работи на дронот од 2019 година, а Остин Прете – член на инженерскиот тим – ја пријави нивната прва верзија наречена „Елико“ во 2020 година. Сосема случајно, тоа беше на 500-годишнината од смртта на Да Винчи, а тимот ја освои првата награда за неговиот дизајн. Сепак, незадоволен од својата работа, Прет помина уште 15 месеци развивајќи го „Crimson Spin“, дронот кој содржи неколку аспекти од оригиналниот дизајн на Леонардо.

„Crimson Spin“ е мал дрон со крила инспирирани од дизајнот на Леонардо „воздушен шраф“. Тој го искористил архимедовиот шраф за да го издува воздухот и да го обезбеди летот.

„Дронот има четири пластични крила во форма на шраф, но наместо рачно да се ротираат (или пумпаат) како што предложил Леонардо, овие крила се напојуваат од батерии и електрични мотори“, објави водечкиот сајт за технолошки вести CNET. Тимот направил и неколку промени на дронот, на пример во брзината на пропелерот, со цел да се наведне во една или друга насока, пренесува  Спутник Интернационал.

Бев апсолутно изненаден, тоа функционираше – рекол Прете, а пренесува CNET.

Иако дронот направен од Прете е прилично мал, може да се зголеми до големина способна да носи луѓе, рече Прете, презентирајќи ги своите резултати и првата снимка од дронот што лета на конференцијата Transformative Vertical Flight 2022  во Сан Хозе, Калифорнија, минатата недела..

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!