Вие имате прво да ја знаете вистината

Решена мистеријата за исчезнатата таписерија од ѕидот во зградата на ОН: Рокфелер одеднаш се појави и призна што се случило

Една година откако огромната таписерија на познатата „Гернис“ на Пикасо ненадејно и нејасно исчезна од ѕидот на зградата на Обединетите нации во Њујорк, таа денес беше вратена таму од сопствениците, членови на семејството Рокфелер.

Повторното поставување на големата ткаенина започна во саботата наутро, изјави извор од ОН, а дипломатите изразија олеснување поради враќањето на парчето широко 7,5 метри, кое висеше пред Советот за безбедност, каде што претседателите, премиерите и амбасадорите редовно поминуваат. Таписеријата требаше да послужи како моќен потсетник за ужасите на војната.

Таписеријата е нарачана од Нелсон А. Рокфелер во 1955 година и била исткаена во француско студио во консултација со самиот Пикасо, кој ја насликал оригиналната „Герника“ за време на Шпанската граѓанска војна.

Сликата го претставува бомбардирањето на истоимениот шпански град на 26 април 1937 година од страна на нацистичка Германија и фашистичка Италија.

Таписеријата „Герника“, со својата симболика – нејзината сцена на ужасните аспекти на човечката природа – се занимава со суровоста и темнината, но и со семето на надежта во човештвото“, рече Нелсон Рокфелер Јуниор во соопштението кое го најави враќањето на уметничкото дело.

Тој додаде дека е благодарен што таписеријата ќе може да продолжи да допира до повеќе луѓе и да ја зголеми нејзината способност да „допре животи и да едуцира“.

Во февруари 2021 година, кога кризата со Ковид-19 го потресе светот и илјадници вработени во ОН беа принудени да работат од дома, таписеријата исчезна без објаснување.

„Страшно е, страшно што таа исчезна“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој и самиот беше изненаден од ненадејното исчезнување.

Во интервју за „Њујорк тајмс“ во саботата, Нелсон Рокфелер Џуниор призна дека има недостаток на комуникација и објасни дека било потребно таписеријата да се исчисти и реставрира.

Таписеријата од Герника е позајмена во ОН, под услов семејството да ја земе за да биде изложена на изложби во САД или на друго место во светот до максимум шест месеци.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!