Вие имате прво да ја знаете вистината

Роналдо во “сауна” со мраз од 60 илјади евра: Кристијано донесе скапоцена машина во својата куќа, Португалецот се лади на минус 160 степени (видео)

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо (37) е еден од оние спортисти и фудбалери кои поставуваат стандарди кога е во прашање физичката подготвеност.

Сигурно дека големите напори на тренинзите и натпреварите подразбира и добро закрепнување на телото, а Португалецот кој веќе е во завидните фудбалски години се труди што подолго да остане на врвно ниво.

Според истражувањата, Роналдо има тело на 20-годишник. Тоа има само седум проценти маснотии, додека просекот за фудбалерите е десет. Половина од неговата маса се мускули, додека просечниот фудбалер е 46 проценти.

За да ја одржи формата со што подобро закрепнување, Роналдо во својата вила во Манчестер донесе скапа комора за криотерапија вредна околу 60.000 евра. Комората може да достигне температури до минус 200 степени Целзиусови.

На спортистите им се препорачува да поминат најмногу пет минути внатре во комората, а Кристијано обично поминува три минути на температура од минус 160 степени.

Криотерапијата ја подобрува циркулацијата на крвта и имунолошкиот состав, го намалува заморот, ги отстранува токсините и го скратува времето за опоравување од спортски повреди.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!