Вие имате прво да ја знаете вистината

Сега и официјално: Во последната недела Хрватска е најлоша во Европската Унија!

Во изминатата недела, Хрватска беше прва на „топ-листата“ на смртни случаи во земјите на ЕУ со 73 смртни случаи на еден милион жители. Полошо дури и од Бугарија, која имаше 68 смртни случаи на еден милион жители. Треба да се напомене дека оваа пресметка е направена на 4,1 милиони жители, а таа е пресметана според податоците од последниот попис. Со други зборови, со 3,88 милиони, тоа би било полоша бројка.

„Омикрон е поблага варијанта на короната, така што последиците нема да бидат толку погубни како со делта, би можеле да ги релаксираме мерките бидејќи болниците не се пренатрупани, имаме благ пад на бројот на заразени или нивниот број стагнира“.

Сето тоа се измами и обиди да се релативизира опасноста од пандемијата со короната, која за жал се уште има голем број жртви во Хрватска, односно повеќе од 50 дневно. Исто така, минатонеделните податоци на Централниот завод за статистика дадоа реална слика за Хрватска во изминатите две години бидејќи само во 2021 година имало 63.611 смртни случаи или 12.000 повеќе отколку во годината пред епидемијата. Институтот нагласува и дека од март 2020 година, кога започна пандемијата, до декември 2021 година, бројот на починати е зголемен за 16,9 отсто во однос на петгодишниот просек за тој период, односно починале 16.146 хрватски државјани повеќе.

Сцена од болница

Според привремените податоци на ЦЗС, минатата година во Хрватска починале 31.724 мажи и 31.887 жени. Сепак, овие црни бројки можеа да бидат многу помалку фрустрирачки доколку хрватските граѓани беа вакцинирани како во повеќето земји од ЕУ.

„Сите кои не се вакцинирани и не ги поттикнале родителите да се вакцинираат кога велат дека не сакаат да се вакцинираат поради Владата, штабот или било кој друг, само бараат изговор. За жал секој ден примаме нови 20 пациенти заболени со Ковид, тоа се стари луѓе кои се невакцинирани а хронични пациенти кои имаат многу мали шанси да преживеат. Доколку постарите се вакцинираат, во тој случај процентот на смртност би бил помал од 20 отсто од хоспитилизираните пациенти, вели проф.д-р. Иво Ивиќ , раководител на Клиниката за инфективни болести, Универзитетскиот болнички центар Сплит. Тој нагласува дека тоа што се вели дека омикрон е поблаг вид на вирусот не важи за старите, болните и невакцинираните. За нив, вели тој, омикрон е смртоносен, што го потврдуваат огромниот број на смртни случаи во Хрватска од почетокот на пандемијата.

Сцена пред Здравствен дом Шибеник

Според неделните податоци на Евростат за бројот на починати во некои европски земји, е зголемен за најмалку 20 отсто во однос на годините пред епидемијата. Повеќето луѓе на возраст над 85 години умираат, односно 350 до 360 неделно, а пред пандемијата беше меѓу 290 и 310. Ако се знае дека вакцинацијата на лицата постари од 60 години во Хрватска е под 75 проценти, тогаш тоа јасно е од каде доаѓаат овие црни смртни случаи.

Најлошото е што бројот на вакцинирани сè уште не е над 56 проценти, што значи дека Хрватска уште долго ќе има голем број на смртни случаи од ковид-19 на дневна основа, за разлика од остатокот од ЕУ. Имено, не беше доволно да се добие вакцината, туку требаше да се најде начин повеќето граѓани да сфатат дека тоа е најдобриот излез од спиралата на тешки болести и смрт. Покрај тоа, Хрватска може да биде во неволја за време на туристичката сезона поради нискиот опфат со вакцинација во однос на конкурентите во туризмот, како што веќе предупреди министерот за туризам.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!