Вие имате прво да ја знаете вистината

Скандал во Белград: Навивачите на Црвена Ѕвезда со жестоки напади кон тренерот на ватерпол клубот! (видео)

Навивачите на клубот Црвена Ѕвезда бараат тренерот на ватерполо клубот Ѕвезда, Мирко Виќевиќ веднаш да го напушти клубот!

Во сенка на случувањата од трибините остана убедливиот триумф на ватерполо тимот на Црвена Ѕвезда против екипата на Шабац со конечен реазлутат 13:6.

Најжестоките приврзаници на клубот Ѕвезда го изразија својот протест против новиот тренер на црвено-белите, Мирко Вичевиќ.

На срамниот транспарент што беше развиен на трибините на базенот „Милан Гале Мушкатировиќ“ пишуваше „Шиптари, Хрвати, тие не се мои браќа“, со скандирање на Ратко Младиќ.

Популарните навивачи пред натпреварот се собраа во „корте“ на Дорчол и се упатија кон базенот Милан Гале Мушкатировиќ извикувајќи „Делије, ајде сите гласно, Мирко Вичевиќ никогаш не си дел од нас“.

За жал, ова не е прв, а веројатно не и последен пат во центарот на вниманието да се работи за кои нема место во спортот.

Мирко Вичевиќ е црногорски тренер со хрватско потекло, моментално претседател на Хрватското граѓанско друштво на Црна Гора во Котор. Бил член на партијата Мила Ѓукановиќ (ДПС) во Котор.

Вичевиќ го освои златото со репрезентацијата на Југославија на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!