Вие имате прво да ја знаете вистината

Влаховиќ на презентацијата во Јувентус го отпеа најголемиот италијански хит кој има 244 милиони прегледи на Јутуб (Видео)

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ се претстави во соблекувалната на новиот клуб Јувентус пеејќи го еден од најголемите италијански хитови во последните години.

Како што е обичај во повеќето светски фудбалски тимови, новодојденец во тимот им се претставува на своите нови соиграчи пеејќи ja омилената песна.

Влаховиќ во Јувентус го отпеа италијанскиот хит „Una volta ancora“ во изведба на Фред де Палма и Ана Мена. Станува збор за песна која има повеќе од 244 милиони прегледи на каналот Јутјуб.

Иако не покажа завидни пејачки способности, Влаховиќ успеа да создаде одлична атмосфера, а фудбалерите на Јувентус со овации и аплауз го поддржаа својот нов напаѓач.

Да потсетиме, Влаховиќ во Јувентус пристигна од Фиорентина со обештетување од 75 милиони евра, при што челниците на старата дама преку бонуси плаќаат уште пет милиони евра, а годишно ќе заработува седум милиони евра.

Исклучително сум возбуден. Дојдов во познатиот клуб и подготвен сум да дадам се од себе за најдобри резултати. Им благодарам на луѓето од Јувентус што толку напорно работеа за да ме ангажираат. Лесно ми беше да го изберам Јувентус. Во ДНК на овој клуб има врежана желба за победи, тука никогаш нема предавање, секогаш се бориме до крај, дури и кога страдаме. Тоа е мојот менталитет и затоа изборот беше природен, изјави српскиот фудбалер.

Тој потпиша договор со италијанскиот гигант до 2026 година, а ќе го носи бројот седум, кој претходно му припаѓаше на Кристијано Роналдо. На своето деби за Јувентус, вчера против Верона, тој го постигна и својот прв гол за новиот клуб.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!