Вие имате прво да ја знаете вистината

Голема снежна лавина затрупа седум војници во Индија, спасувачите трагаат по нив

Лавина погоди седум офицери на индиската армија во сојузната држава Аруначал Прадеш.

Лавината падна по неколкудневни снежни врнежи во североисточниот регион на Индија.

Портпаролот на индиското Министерство за одбрана, потполковник Харш Вардан Панде изјави дека лавина погодила седумчлена воена патрола, а спасувачките екипи се на терен.

Медиумите од Индија јавуваат дека снег паднал во областа Западна Каменга во Аруначал Прадеш за прв пат по 20 години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!