Познатата манекенка Џиџи Хадид се извини за збунетоста предизвикана од нејзиниот коментар под последната фотографија на Ријана на нејзиниот Инстаграм профил.
Откако 33-годишната пејачка го покажа трудничкиот стомак, манекенката под фотографијата остави коментар на кој пишуваше: Три ангели.
Следбениците на популарната пејачка ги започна гласините дека таа очекува на свет да донесе близнаци.

Три дена подоцна, Џиџи мораше да разјасни дека мислела на бебето, Ријана и нејзиниот емотивен партнер пејачот Ашап Роки.
Веста за оваа конфузија штотуку стигна до мене, напиша таа под првиот нејзин коментар.
Тие две досега соработуваа неколку пати, а се чини дека во меѓувреме станаа добри пријателки.