Вие имате прво да ја знаете вистината

За прв пат во историјата, папата Фрнциско гостуваше во телевизиска забавна емисија: Откри дека има малку пријатели и дека го обожавал тангото

Папата Франциско сруши уште едно табу. Имено, тој за прв пат гостуваше во телевизиско ток-шоу. Во популарната емисија што ја емитуваше италијанската државна телевизија Раи, папата Франциско зборуваше за неговите лични преференци и се осврна на прашањето за мигрантската криза и тензиите околу Украина.

Тој се појави во емисијата преку видео врска. Иако често дава интервјуа за италијански и странски медиуми, ова е првпат да одговара на прашања во една забавна емисија. 

Папата Франциско откри дека ја сака класичната музика, но и тангото. 

Тие што не танцуваат танго не се од Буенос Аирес, изјави папата Фрањо.

На прашањето дали се чувствува осамено, тој изјави дека има пријатели, ги има малку, но дека се вистински.

На крајот од гостувањето во ток-шоуто тој ги замоли оние кои не се молат барем да му испратат добри мисли затоа што му треба блискост со луѓето. Потсетуваме дека Франциско е избран за поглавар на Римокатоличката црква пред девет години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!