Вие имате прво да ја знаете вистината

Италија ги избра овогодинешните претставници за Евровизија и веќе доминираат како фаворити на обложувалниците (видео)

Откако италијанскиот рок бенд Манескин минатата година го “освои светот” и со тоа и донесе победа на оваа земја на Евровизија, Италија и оваа година оди на натпреварот со големи очекувања. А нивната песна која беше избрана веќе е на врвот во обложувалниците.

На седумдесет и вториот по ред Фестивал ди Санремо, победата ја освои песната „Бривиди“ во изведба на Махмуд и Бланко, со што се обезбеди нивно заминување на овогодинешниот натпревар за најдобра песна во Европа.

Веднаш штом излегоа на сцената, дуото изгледаше ветувачко, па и покрај конкуренцијата успеаја да се пробијат за Евровизија, која годинава ќе се одржи во Торино.

Дека овие двајца млади ги освоија не само Италијанците, докажуваат и обложувалниците на Евровизија, каде оваа песна веднаш се најде на прво место со 16 отсто од гласовите, што е двојно повеќе од Австралија, која е на второто место со Јагуар Јонзе и „Мали пожари“.

Сепак, претставниците на сите земји кои ќе се натпреваруваат на овогодинешниот Евросонг сè уште не се познати и не може да се гарантира дека резултатот, нема да се промени.

Но, она што е сигурно е дека Италијанците беа добро подготвени за победа.

„Се тресев. Нивните два гласа одлично се сложуваат, за мене тие се веќе победници“, е еден коментар на нивното видео на Јутуб.

Махмуд претходно ја претставуваше Италија на Изборот за песна на Евровизија во 2019 година, кога го освои второто место со неговата песна „Солди“, а победа ја однесе Холандија со Данкан Лоренс и песната „Аркада“.

Потсетуваме, на минатогодишниот Евросонг, победата на Италија и ја донесе песната „Zitti E Buoni“ на групата Манескин, чиј фронтмен Демијан Дејвид го полуде женскиот пол ширум светот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!