Вие имате прво да ја знаете вистината

Мане прво ја воодушеви и израдува сенегалската нација, а потоа го смируваше неговиот соиграч од Ливерпул, депресивниот Салах (видео)

Во финалето на Африканскиот куп на нации, репрезентацијата на Сенегал по 120 минути активна игра и без постигнати голови, беше подобра во изведувањето на пенали од Египет а со тоа ја освои првата африканска титула во својата историја.

Овие две селекции одиграа тежок и неизвесен натпревар полн со многу нервоза, Сенегал беше подобриот тим во текот на натпреварот, имаа повеќе можности, а храброста им се исплатеше во пенал серијата каде беа посмирени и на крајот славеа победа.

Откако Мане му донесе предност на Сенегал од 4:2 со гол во последната серија од пенал серијата, на стадионот Олембе се случи општо славје.

Од друга страна, Египќаните се смируваа од шокот, а се чини дека особено тешко му падна на Мохамед Салах, ѕвездата на Ливерпул, кој долго време го тешеа соиграчите, а му се придружи и херојот на Сенегал, Садио Мане, кој воедно е негов соиграч од Ливерпул.

Инаку, Египет и понатаму е најтрофејната репрезентација во Африка со седум титули на африкански шампионати.

Погледнете ги пеналите и трогателните удари од овој натпревар:

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!