Вие имате прво да ја знаете вистината

НАТО најавува зголемување на военото присуство на истокот од Европа доколку Русија не ѓи повлече своите војници од Белорусија!

Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) се обидува да го зголеми своето воено присуство во балтичките земји и Полска во случај Русија да ги задржи своите војници во Белорусија по планираните воени вежби, изјави во понеделникот шефот на воениот комитет на Алијансата.

Русија има стационирано околу 30.000 војници кај северниот сосед на Украина за заеднички воени вежби што се одржуваат овој месец, тврди НАТО, со што вкупниот број руски војници стационирани во близина на границите на Украина ја надмина бројката од 100.000.

Соединетите Американски Држави испратија 3.000 војници во Романија и Полска минатата недела за да ги уверат сојузниците, додека Германија соопшти дека размислува за зајакнување на постојниот воен ангажман во Литванија.

Можни се нови распоредувања на сојузничките трупи на НАТО, изјави Роб Бауер, холандски адмирал кој го предводи водечкото стратешко тело на НАТО.

Континуирано задржуваме војници од нашиот сојуз во другите земји – дебатата за тоа е резултат на актуелните случувања. Може да има промени во овие распоредувања, изјави Бауер на прес-конференција во Вилнус.

Тоа секако зависи од тоа дали руските војници кои моментално се во Белорусија ќе останат во таа земја. Ако го анализирате тоа трупање војници, тие всушност имаат доволно трупи за сериозна инвазија до крајот на месецот. Дали тие тоа го сакаат, дали тоа е нивната вистинска намера или не, навистина не знаеме, изјави Бауер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!