Вие имате прво да ја знаете вистината

На Душко Тошиќ му истече забраната за приближување кон Јелена Карлеуша, дали парот ќе успее да ја врати врската во вистинска насока!?

Истече забраната на Душко Тошиќ да и се приближува на сопругата Јелена Карлеуша, која го пријавила за семејно насилство за време на големиот христијански празник, Божиќ. Најпрвин тој доби 48 часа забрана, а потоа основно јавно обвинителство во Белград предложи забраната да биде продолжена за 30 дена.

Според медиумите од соседството, судот го прифатил предлогот за истекување на забраната за пристап, а сега се чека извештајот на Центарот за социјална работа и изјавата на оштетената страна.

Имено, Карлеуша тогаш го пријавила Душко дека наводно и удрил шлаканица и ја плукнал во лице, а тој во својата изјава го негирал тоа.

Да потсетиме, полицијата по пријавата на пејачката отишла во нејзиниот дом, а таа одбила да оди на преглед во здравствената установа и одбила да оди во полициска станица да даде изјава.

Наведената мерка на Тошиќ му е изречена согласно Законот за спречување на семејно насилство.

Почитувани следбеници, пријатели и членови на медиумите. Обично не сакам вака да ми се обраќаат бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортот и добрите хуманитарни дела. Го следев она што повеќето медиуми го објавуваат последниве денови и затоа сум принуден да се осгласам на овој начин. Како што знаете и гледате, секаде ме прикажуваат како насилник и во секој наслов сум негативна страна. Јас сум првиот од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш не сум го употребил. Затоа сакав да знаете дека воопшто не се пронаоѓам во тие наслови на весниците! Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен каде и да е и што и да прави. Затоа сакам да знаете дека и овој пат ќе си останам доследна на себе, ќе ги игнорирам измислиците, изјави тогаш фудбалерот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!