Вие имате прво да ја знаете вистината

Не е ни чудо што Милан му нуди нов договор на Ибрахимовиќ! Фудбалерот покажа натчовечка сила за време на тренинг, тој е вистински ѕвер (видео)

Техничкиот директор на италијанскиот фудбалски великан Милан, Паоло Малдини изјави дека верува дека 40-годишниот Златан Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со клубот кој му истекува ова лето, објавија медиумите во Италија. 

Ибрахимовиќ знае што сака, никогаш не глуми. Тој знае каков договор може да добие со Милан. Ако мисли дека не може повеќе да издржи, тој ќе биде првиот што ќе го каже тоа. Но, мислам дека сака да продолжи, изјави Малдини за шведскиот напаѓач, кој во кариерата постигна преку 500 голови за клубовите за кои настапуваше (ПСЖ , Манчестер Јунајтед, Барселона, Ајакс, Интер, Јувентус)

Дека Ибрахимовиќ, кој моментално се опоравува од повреда, може уште многу да даде како спортист, покажува и неговото ново видео кое го објави на својот Инстаграм и Фејсбук профил, а на кое се гледа, слободно може да се каже, натчовечка сила со оглед на вежбата што ја изведува во својата теретана.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!